Најмалку две лица настрадаа синоќа во Загреб, откако непознат напаѓач фрли граната со солзавец на забава на ЛГБТ заедницата.
Полицијата го испитува инцидентот од минатата ноќ во клуб во Загреб. Локалните медиуми јавуваат дека луѓето во ноќниот клуб во паника трчале и кршеле прозорци за да излезат надвор.
Сведок раскажа за весникот „Вечерњи лист” дека бил прегазен при турканиците кон скалите.
Групи за заштита на правата на хомосексуалците во Хрватска го опишаа нападот како „чин на омраза”.