Во Нов Зеланд битка за спасување на 200 китови

Од:

Група од околу 100 волонтери се фатија за раце и направија човечки синџир во длабока вода со цел да спречат околу 200 китови повторно да се насукаат на брегот, на северозапад на новозеландскиот Јужен Остров, каде оваа недела 300 китови пцовисаа.

Ова е најголем инцидент со насукување китови во Нов Зеланд од 1985 година, кога на брегот на Окланд се насукаа 450 китови.

Групата од околу 100 волонтери, со помош на три брода, успешно ги спречи китовите, блокирајќи им го патот до брегот. Потоа китовите се тргнаа од брегот, а бродовите ги следеа се додека не се повлече плимата.

– Емотивно, многу стресно… бидејќи можете да го слушнете довикувањето на китовите, изјави еден од волонтерите.

Околу 100 китови, кои се насукаа во текот на ноќта, во зора плимата ги врати во морето, но отсекот за нивно зачувување соопшти дека китовите ќе бидат усмртени со цел да не се скрати страдањето, бидејќи нивната здравствена состојба не е добра.

Причината не е позната, но насукувањето на китовите не е ретка појава во Златниот Залив, бидејќи плитката и матна вода може да го попречи сонарот кој китовите го користат за движење, соопштија од групата „Проект Џон“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска