Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ.
Режисер е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.
Маријан Јованоски го игра Фигаро, а останата изведувачка екипа ја сочинуваат неколку гости: Јелена Кончар од Србија (Розина), Кристијан Колиа од Италија (Гроф Алмавива) и Делјан Славов од Бугарија (Дон Базилио). Невен Силјановски ќе биде Дон Бартоло,Злата Тошевска ја толкува Берта, Кристијан Антовски е Фиорело, додека Саша Смилевски го игра Амброзио.