Средба на Заев со амбасадорката Кара: Очекувам брзо да формираме Влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Р.Турција во Р.Македонија, Еркал Кара.

На средбата претседателот Заев ја информираше амбасадорката Кара за текот на процесите за формирање нова Влада во Македонија.

-Над 612.000 граѓани од сите етнички заедници гласаа за промени и за развој на Македонија во духот на европските демократски вредности. Очекуваме дека во брзо време ќе го добиеме мандатот и дека ќе ја формираме новата Влада на граѓаните на Македонија, рече претседателот Заев.

Нагласено е дека мнозинската поддршка од граѓаните на концептот за заедништво, е голема придобивка за иднината на Македонија.

-Еден од темелите на нашата програма, План за живот, е Македонија едно општество за сите. Ставот на СДСМ е дека само еднакви граѓани на кои ќе им биде овозможен квалитетен начин на живот можат успешно да придонесуваат кон личен развој и кон евро-атланстките перспективи на Македонија. Горди сме што застанавме зад овој концепт што го поддржаа и граѓаните на изборите, за сите отворени прашања разговараме низ уставните решенија и се надевам дека во многу скоро време Македонија ќе добие одговорна Влада на којашто ќе и бидат приоритет единствено граѓанските интереси, рече претседателот Заев на средбата со турската амбасадорка Кара.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев