Берлин го предупредува лондонски Сити за ризикот од Брегзит

Од:

Висок функционер на германската централна Бундес банка, ја предупреди Велика Британија дека по Брегзитот, лондонскиот финансиски центар Сити најверојатно ќе ја загуби својата сегашна улога на „порта на ЕУ“ за виталните финансиски работи.

Според Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Бундес банката, дури и кога правилата за банкарско работење меѓу Велика Британија и ЕУ би останале идентични, Сити ќе биде „многу далеку“ од пристапот кон заедничкиот пазар на ЕУ.

Дамбрет зборувал на една затворена за јавноста конференција на германските бизнисмени и банкари во Франкфурт, чии детали ги откриваат британските медиум, кои забележуваат дека станува збор за едно од ретките отворени искажувања за тоа каква ќе биде позицијата на Германија во преговорите за Брегзит.

Медиумите во Лондон забележуваат дека германскиот пристап кон истапувањето на Лондон од ЕУ ќе биде „прилично цврст“.

– Сегашниот модел да се користат Лондон и Сити како порта на ЕУ, многу е веројатно дека ќе престане да постои, рекол Дамбрет, иако објаснил дека не сака да постои конфронтација во идните односи со Велика Британија, а посебно не во британското финансиско работење со ЕУ.

Бундес банката која е одговорна за надгледувањето на банките и на вкупните финансии не ја крие загриженоста од актуелниот засилен тренд за притискање врз меѓународно усогласените стандарди.

Во германските банкарски кругови се стравува од можноста Велика Британија по Брегзит да се претвори во „Сингапур во Европа“, намалувајќи ги даноците и олеснувајќи ја финансиската регулатива за да се поттикнат банките и бизнисот да инвестираат во Велика Британија.

– Брегзит води кон ренационализација во целиот овој сектор, а неговиот ефект од ова ќе ги погоди сите во ЕУ, предупредил Домбрет.

Лондонски Сити, сега, претставува финансиски главен град на ЕУ. Повеќе од една третина од целото банкарство, меѓу големите бизниси, владите и пензиските фондови е сместено во Велика Британија.

Речиси 80 отсто од сите девизни трансакции на ЕУ се извршуваат во Сити, низ кој дневно минуваат стотици и илјаднци милијарди фунти промет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември