Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пристигна на средба со еврокомесарoт Јоханес Хан, со доцнење од 40 минути. Груевски не сака да биде снимана средбата како што беше за останатите лидери на политичките партии.
Груевски нема да се појави ниту во прес салата да одговара на новинарски прашања. Со него завршуваат средбите со лидерите на политичките партии на еврокомесарот Јоханес Хан.