ВМРО-ДПМНЕ: СЈО дискриминира по политичка и идеолошка основа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на соопштението на СЈО и смета дека специјалното обвинителство селективно ја спроведувало правдата.

„Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест.

Заканите од страна СЈО упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт.

ВМРО-ДПМНЕ го разбира и поддржува револтот на охриѓани против политичката хајка која по нарачка ја спроведува селективното јавно обвинителство.

СЈО е срам за правосудниот систем.

Повикувањето на околу 200 лица само заради тоа што се членови на една политичка партија не е ништо друго туку дискриминација по политичка и идеолошка основа.

СЈО аболицира криминалци како Заев и Верушевски, а им се заканува на чесни луѓе чиј единствен грев е нивната политичко-идеолошка определба и тоа што одлучиле да донираат за сопствената партија.

СЈО мора да почне да работи законски. Наместо да продолжува со заканите кон граѓаните, СЈО мора да истражи кој ја нарушува тајноста на истражната и предистражната постапка, постојано лиферувајќи информации по порталите под контрола на СДСМ/Сорос во врска со лицата кои се покануваат на распит.

Ваквото непрофесионално и незаконско делување на СЈО не е ново. За нелегалните методи по кои работат, изнудите и заканите веќе се поднесени десетици кривични пријави против одговорните во СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ не е против СЈО, туку против селективното, непрофесионално и политичко делување на СЈО“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166