Многу вкусни залачиња …
Потребно е:
50-80 гр чадена сланина исецкана на мали коцки
1 рамна лажица маст
300 гр шапињони
1 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
1 јајце
1/2 китка магдонос
80 гр рендан кашкавал
1 прашок за пециво
180-200 мл млако млеко
180 гр брашно
Подготовка:
– Печурките измијте, ги исушете ги и ситно исецкајте ги.
– Сланината исецкајте ја на мали коцки и пропржете ја на загреана тава додека да порумени и да стане крцкава. Префрлете ја во еден сад и тргнете ја на страна.
– Во тавата ставете ја маста, додадете ги ситно сецканите печурки, посолете и пржете додека да испари целата течност што ќе ја пуштат печурките. На крај додадете бибер и измешајте. Оставете да се изладат.
– За тоа време исецкајте го магдоносот и изрендајте го кашкавалот.
– Во подлабок сад сипете го брашното со прашокот за пециво и додадете ги млекото, јајцето, листовите магдонос, кашкавалот и убаво измешајте.
– Потоа во смесата додадете ги испржените печурки и сланината. повторно убаво измешајте.
– Смесата сипете ја во калап за мафини и ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете ги уште 10-тина минути.