Дебата во Куманово за зајакнување на партиципативната демократија

Од:

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во рамките на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“, денеска во Куманово организираше регионална дебата на која ги презентираа резултатите од анализата за постоечките практики на консултација со граѓаните во процесот на креирање политики на локално ниво.

Невенка Лонгурова Гирова од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип pojasni deka денеска беа презентирани резултатите од анализата која се спровела во рамкии на проектот во која се увидело ефективното учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, како и препораките за подобрување на соработката на граѓаните и општините во процесот на донесувањето на одлуките.

Граѓаните се запознаени што работат општините и најчесто се информираат преку официјалните страни, имаат пристап преку медиумите до работата на општините, но бараат поголемо вклучување во процесот на донесувањето на одлуките.

-На дебата добредојдени се предлози за нови идеи, форми и механизми за учество на граѓаните, така што сите препораки ќе бидат инкорпорирани во документ за јавна политика, кој што ќе биде доставен до надлежните институции, Министерството за локална самоуправа и до општините како идеа за можно инстититуционализирање на најпогодните механизми за граѓанско учество, истакна Гирова.

Кристина Хаџи Василева, автор на анализата од Консалтинг за стратешки развој Скопје, објасни дека анализата покажала дека генерално има комуникација меѓу граѓаните и општините во областа на информирањето, а не и во процесот на донесување на одлуки.

-Она што се механизми за донесување одлуки, пропишани од законот, како граѓански иницијативи, собир на граѓани, референдум се соочуваат со предизиви во користењето и тука се согласни и општините и граѓаните дека тие механизми се обременти со преголем број на правни обврски кои тешко се постигнуваат, појасни Хаџи Василева.

Општините, објасни таа, сепак имаат на располгање и други средства кои што дополнително можат да ги развиваат со цел оставрување подобра соработка со граѓаните.

Анализата е извршена на ниво на региони и покажува дека граѓаните од североисточниот дел на Македонија искажале идентични барања со граѓаните од останатите региони од државата.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување