За автопатот кој Косово го поврзува со Македонија потребни се 793 милиони евра

Од:

За изградба на автопатот кој Косово го поврзува со Македонија, според проценките на косовската Влада потребни се 793 милиони евра, јави допсиникот на МИА.

Автопатот претставува продолжување на трасата Врмица-Мердаре, која пак претставува продолжение на автопатот Драч-Кукс-премин Морина (на албанско-косовската граница).

Автопатот не почнува од Приштина, туку од Липљан каде ќе има голем кружен тек, кој ќе биде и прва клучка на автпатот, кој ќе го поврзува косовскиот главен град со граничниот премин Блаце, на границата со Македонија. Со цел трасата да добие што подобра насока, реката Лепенец ќе биде пренасочена.

Проектот е изготвен во 2010 година, а изградбата се планира да почне во почетокот на 2013, за чија цел косовската Влада со буџетот за наредната година издвои 30 милиони евра.

Владата во Приштина со Светска банка се очекува на почетокот на наредната година да ја финализира физибилити-студијата, како предуслов за почеток на реализација на проектот.

Косово треба да има 300 илјади евра на банкарскиот биланс, како услов да почне со изградба на автопатот. Во билансот на крајот од оваа година се очекува да има 200 милиони евра, што подразбира дека во банкарскиот биланс треба да се слеат пари и од приватизациите за да се исполни условот од 300 милиони евра.

Максимално дозволената брзина на автопатот ќе биде 120 километри, ќе има три тунели, најголемиот ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра, како и десетина мостови.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина