ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов претендира да ја надмине Шекеринска според имотниот лист

Од:

„Петре Шилегов е лицето во СДСМ кое сериозно ќе ја загрози репутацијата на Радмила Шекеринска. Имено Шилегов за брзо време претендира да ја надмине според имотниот лист, Радмила Шекеринска и според поседувањето станови.

За само две години Шилегов успеал својот личен имот да го зголеми за над 200 илјади евра. Во две години, додека СДСМ ја држеше земјата во заложништво, додека Шилегов фрлаше бои и ги урнисуваше институциите на Република Македонија, историјата и државата, секој ден во просек по 300 евра се зголемувал неговиот личен имот.

Зад превезот борба против режим, Шилегов успеа за две години добро финансиски да се издигне. Прашањето е како?

И јавноста очекува одговори од господинот Шилегов и затоа ние повторно прашуваме:

Зошто Шилегов не објасни дали по добро разработен план сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво?

Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа?

Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво?

Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

Да повториме, пратеничката плата не изнесува месечно 9.000 евра, а сопругата на Шилегов како што знае јавноста беше пријавена на минимална плата, а згора на тоа враќаше и кредит во износ од 160.000 евра.

Секој граѓанин би бил заинтересиран да дознае кој е рецептот на политичарот Петре Шилегов за волку брзо богатење“, изјави Андон Чибишев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски