Во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, кој е веќе отворен и се одржува во Културниот центар „Феникс“, од денеска до 15 февруари ќе има Недела на љубовта. Акцент ќе биде ставен врз книгите и уметничките слики со тема љубов, кои ќе се продаваат по симболични цени со големи попусти од 50 до 80 отсто.
Презентирани се над 100 изданија со љубовна тематика и исто толку ликовни дела од помал формат, идеални за подароци за вљубените и најблиските. Меѓу делата со љубовни теми се „Мелем за вљубените“, „Фенг шуи формули за љубов“, „Рецепти за совршен брак“, „Принцезата Султана“, „Љубовница“, „Лифтот (не) е за двајца“, „Љубов – Патешествие“…
Љубителите на книгата кои ќе се одлучат за комплетите со книги со љубовна тематика, како подарок ќе добијат чај и вино.