ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата кај соросовите невладини окупатори на граѓанскиот сектор се поголема

Од:

„Нервозата кај соросовите невладини окупатори на граѓанскиот сектор станува се поголема.

Како што на виделина излегуваат се повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ/Сорос го корумпира невладиниот сектор, така расте и паниката во нивните редови.

Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават како автентични и слободоумни претставници на цивилниот сектор, иако документите кои се појавуваат од нивната тајна комуникација уште еднаш го потрдуваат она што целата јавност веќе добро го знае – не се ниту автентични, ниту слободоумни, туку се слуги на политичките интереси на СДСМ/Сорос.

Овие организации кои Сорос и нивниот политички партнер СДСМ ги активира на копче зависно потребите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата злосторничка дружина, не се претставници на граѓаните на Република Македонија.

Овие организации од кои произлегуваат ликови како Владе Милчин, Павле Богоевски, Ивана Туфекгџиќ, Лидија Димова и други, не го претставуваат вистинското граѓанство во Македонија. Тие го претставуваат само оној слој на граѓани кои одлучиле да сеат магла дека се невладини, а да седат во скутот на СДСМ, на неговите пратенички листи или во извршните органи на партијата.

Тие не се заинтересирани ниту за граѓанските права и слободи, ниту за просперитетот на државата. Тие се заинтересирани само за тоа како преку манипулирање на јавноста да ги полнат своите џебови.

Овие луѓе не се граѓански сектор и не се грижат за интересите на граѓаните. Македонија заслужува вистински невладин сектор кој ќе ги препознае и ќе се бори за потребите на граѓаните.

Македонија нема потреба од платеници кои за туѓи политички интереси и агенди ќе вршат насилни кампањи против волјата на мнозинството. Затоа во Македонија е неопходен процесот на десоросоизација кој започна и од кој враќање нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ