Куманово одбележува 73 години од загинувањето на Христијан Тодоровски – Карпош

Од:

Куманово денеска одбележува 73 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

По тој повод, делегации од Здружението на борци од НОБ, општина Куманово, АРМ, Кумановскиот музеј, Здружението на армиски и полициски ветерани и граѓански здруженија положија цвеќе пред бистата на Карпош во Куќата музеј во Куманово.

Во обраќањето пред присутните, претставникот на локалната организација на Здружението на борците, Доне Младеновски рече дека Куманово се гордее што во овој град е роден командантот на баталјонот „Јордан Николов Орце“.

Во Куманово во тек е реконструкцијата на Куќата музеј посветена на Карпош, којашто се реализира со поддршка на Министерството за култура. Проектот за реконструкција и целосна обнова на објектот е влезена во Програмата за 2017 година.

Христијан Тодоровски – Карпош е роден во Куманово во 1921 година, а убиен е на денешен ден во 1943 година. Тој го формира кумановскиот партизански одред, кој потоа прераснува во баталјон „Јордан Николов-Орце“. Во 1943 година ги води битките кај Дренак, Пелинце, а на 7 февруари загинува кај селото Билјача. Во 1945 година е прогласен за народен херој.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане