Русија без објаснување за 325 милиони долари го зголеми буџетот за организација на Светското фудбалско првенство 2018.
Со последното зголемување, вкупните предвидени средства за трошоци за Мундијалот достигнаа 10,8 милијарди долари, од кои 55% ќе бидат обезбедени од сојузниот буџет.
Организациониот одбор не го коментираше зголемувањето на трошоците наведено во дополнителниот закон за буџет објавен на владиниот веб сајт.
Инаку, пред одреден период, Русија направи обид за намалување на трошоците со кратење на бројот на луксузни хотели во изградба, како и заштеда на средства при изградба на други инфраструктурни проекти.