ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно

Од:

„Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова се само дел од послушниците на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање на антидржавната агенда.

Тие се наследниците на Милчин кој нема никаков проблем да седи во највисоките раководни тела на СДСМ, а себе си да се претставува како неутрален и објективен дел од граѓанскиот сектор.

Ваквите ликови еден ден се обидуваат да ја лажат јавноста дека се некакви борци за слобода и демократија, а другиот ден мрдаат со опашките чекајќи Зоран Заев да ги помилува.

Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата.

Ги интересираат само нивните банкарски сметки и функциите кои може да им ги подари аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Затоа се подготвени да напаѓаат и повредуваат полициски службеници, да палат, демолираат и уништуваат.

Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија и треба вистински невладин сектор кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив.

На Македонија не и требаат платеници кои заради нечија политичка агенда ќе спроведуваат валкани насилни кампањи.

Токму затоа е неопходен процесот на десоросоизација на македонското општество“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски