Чоколадо, чоколадо и само чоколадо …
Потребно е:
140 гр брашно
140 мл млеко
60 гр црно чоколадо, ситно исецкано
60 гр растопен путер
50 гр шеќер
30 гр какао во прав
1 прашок за пециво
2 јајца
1 ванилин шеќер
прстофат сол
изрендана кора од портокал
за чоколадниот крем:
140 мл слатка павлака
120 гр млечно чоколадо
чоколадни трошки
Подготовка:
– Прво направете го кремот. Растопете го чоколадото на пареа и додадете ја слатката павлака, измешајте и оставете го во фрижидер неколку часа за да се стегне.
– Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го растопениот путер, кој претходно сте го изладиле, ванилиниот шеќер, изрендана кора од портокал, сол и на крај сипете го млекото. Убаво изматете со миксер.
– Измешајте ги брашното, какаото и прашокот за пециво и полека додадете ги во масата од јајца. Изматете со жица за матење. На крај додадете го ситно сецканото чоколадо.
– Во калапот за мафини ставете хартиени корпички и секоја наполнете ја 2/3 со подготвената смеса.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 20 минути.
– Оставете ги да се изладат околу 5 минути, извадете ги од калапот и оставете ги потполне да се изладат.
-Изладените мафини украсете ги со чоколадниот крем и посипете ги со чоколадни трошки.