Потребно е:
3 лажици масло
1 главица кромид
300 гр печурки
4 чешниња лук
3-4 см корен од ѓумбир
сол и бибер, по вкус
50 гр покиснати во вода леблебии
150-200 мл топла вода
1/2 китка коријандер или магдонос
за салатата:
7-8 листови зелена салата
3-4 млади кромидчиња
сол
масло
оцет
Подготовка:
– Кромидот тенко исечете го на листови. Пропржете го во тава на малу масло додека да омекне.
– За тоа време измијте ги, исушете и исецкајте ги печурките на листови. Додадете ги кај кромидот во тавата,намалете ја температурата и динстајте додека да испари целата течност што ќе ја пуштат печурките.
– Додадете ги ситно сецканиот лук и ѓумбир и уште кратко пржете.
– Сега додадете ги леблебиите, зачините и вода и динстајте додека да испари целата течност.
– Пред да го послужите јадењето посипете го со сецкан свеж коријандер или магдонос.
– Зелената салата измијте ја убаво и крупно исецкајте ја. Кромидот исецкајте го на тркалца и додадете го кај салатата.
– Во еден сад измешајте ги солта, маслото и оцедот и со ова прелијте ја салатата.