ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос во Македонија го урнисаа граѓанскиот сектор

Од:

„Конечно паднаа маските во Македонија. После обелоденувањето на информациите за тоа како точно Сорос ги финансира неговите платеници, узурпираните невладини од т.н. граѓански сектор во Македонија се веќе прочитана книга.

Преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, СДСМ и Сорос се посветени и добро платени за мисијата за уништување на демократијата во Македонија и сузбивање на секое мислење кое соросовите инсталации ќе го проценат како неподобно.

Невладината пешадија од киднапираниот и злоупотребен граѓански сектор од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на делување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно рушење на власт избрана од мнозинството граѓани.

Во САД стотици демонстранти беа приведени и им се закануваат драконски казни за нивното учество во вандалските протести. Во Македонија шарените платеници на Сорос/СДСМ повредија речиси 50 полицајци, но насилниците на опозицијата кои наводно протестираат за еднаквост и правда, бегаат од одговорноста и законските казни за сите вандалски чинови кои ги сторија за време на дивеењето низ Македонија.

Беа уништувани и палени споменици на културата, државен имот и беше нанесена штета од повеќе стотици илјади евра, само затоа што невладините на Сорос имаа зададена задача да одиграат во корист на СДСМ.

СДСМ/Сорос во Македонија го урнисаа граѓанскиот сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата.

Но, ова веќе не проаѓа. Соросовите методи се прочитани и осудени на пропаст. Насилството и обидите за киднапирање на медиумите и граѓанскиот сектор се веќе историја.

Македонскиот народ на 11-ти декември им кажа „Не“ на деструкцијата и манипулациите во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев и соросовите инсталации во Македонија. Време е за десоросоизација на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски