(ВИДЕО) Манчевски: Веднаш да се преземат мерки против отровниот воздух

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на прес-конференција кажа дека загадувањето во Скопје вчера било речиси 25 пати над дозволеното ги обвини властите дека не презели ништо за подобрување на ситуацијата.

„Браме веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје. Вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот. Речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, после кои што властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт до сега немаат преземено апсолутно ништо. Ги нема ниту денес, кога скопјани го дишат најотровниот воздух. Од сите злодела на режимот на Никола Груевски и Коце Трајановски, негрижата за труењето на своите граѓани е едно од најголемите. Тоа е еднакво на геноцид.

Режимот на Никола Груевски заврши. Во мај ќе заврши и узурпацијата на Коце Трајановски на градоначалничката функција во Скопје. Новата Влада на граѓаните веднаш ќе се зафати со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, преку:

• гасификација на Скопје
• обезбедување на финансиски средства за бесплатен јавен превоз во деновите на екстремно загадување
• субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните
• воведување на посебни сообраќајни режими
• субвенционирање на енергетска изолација на постоечките објекти
• субвенционирање на велосипеди за граѓаните на Скопје

Доаѓа ново време. Време кога ќе се врати животот во Македонија. Време, кога новата Влада на граѓаните, предводена од СДСМ, ќе го врати животот, но и чистиот воздух во Скопје“ рече Манчевски на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС