САД воведуваат нови сакнции за Иран

Од:

Соединетите Американски Држави воведуваат нови санкции против 13 поединци и 12 ентитети од Иран, ден откако Белата куќа упати предупредување до Иран заради тестирањето на балистички ракети.

Американското министерство за финансии во соопштение на нивната веб страница ги објави имињата на поединците и ентитетите на кои им воведуваат санции, а некои од нив се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, Либан и Кина.

Ова е прв потег кој претседателот Доналд Трамп го повлекува против Иран, а овие санцкии се со слична мерка како сакнциите на претходниот претседател, Барак Обама.

Новите одредби се однесуваат на подрачјата кои останаа под санкции дури и откако на сила стапи нуклеарниот договор од 2015. година.

„Денешниот цел на министерството за финансии е дел од трајните обиди за спротивставување на овие ирански активности кои не се опфатени со нуклеарниот договор“ објави министерстовото.

Меѓу санкционираните се наоѓаат фирми, поединци и брокери за кои министерството тврди дека ја поддржуваат мрежата која ја води иранскиот бизнисмен Абдулах Асгарзадех.

Американците веруваат дека тој ја поддржува иранската ракетна програма.

Министерството воведе санкции и над мрежата во Либан која ја води Иранската револуционерна гарда, елитно воено тело со големо влијание во иранската политика и економија.

Според американската администрација овие санцкии се само првиот чекор со кој одговараат на иранското провокативно однесување.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски

Иран се закани дека во случај на одмазда нема да го гаѓа само Израел

Катерина Ѓуровски