Меѓународниот олимписки комитет денеска ги потврди кандидати за домаќини за Олимписките игри кои треба да се одржат во 2024. година
Лос Анџелес, Париз и Будимпешта се градовите кои се тркаат за да бидат домаќини на Олимписките игри во 2024. година. Сите три града денеска во Лозана ги доставија потребните документи, проектите во инфраструктурата и буџетите, а конечниот избор ќе го донесе олимпискиот комитет на 13. септември.
„Денешниот ден е еден од најважните за кандидатите. Сега останува да ги оцениме проектите, па потоа да ги посетиме градовите и лично да се увериме во способноста за организација на игрите“ изјави претседателот на комисијата за оценување, Франк Фредерикс.
Лос Анџелес бил домаќин на ОИ во 1932. и 1984. година, а планираниот буџет за игрите во 2024. им е 5,3 милијарди долари.
Американците сметаат дека не е потребно да градат ниту еден траен објект бидејќи веќе имаат четири големи спортски паркови.
Париз бил домаќин на игрите во далечните 1900. и 1924. година, а нивниот буџет е 6,2 милијарди долари, со што е најголем од сите кандидати.
Главниот град на Франција има дури 95 отсто од спортските објекти, а би морале да се изградат само центри за водените спортови.
Будимпешта никогаш не била домаќин на ОИ, а нивниот буџет од 3,5 милијарди долари би можел уште да расте бидејќи главниот град на Унгарија, за разлика од останатите кандидати, мора да изгради многу спортски објекти, вклучувајќи и Олимписки стадион.