Од иницијативата „Обединети за фудбалот“ со јавно писмо бараат до претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, бараат негова оставка наведувајќи неколку прекршувања на Статутот на ФФМ.
„Ние, Обединети за фудбалот, заедно со иницијативни одбори од ОФС Битола, ОФС Штип, ОФС Кисела вода, ОФС Неготино, ОФС Тетово и други, а поврзано и со писмото упатено до ФФМ на 27.01.2017 БАРАМЕ ИТНА ВАША НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, НАЈДОЦНА ДО 06.02.2017 и исполнување на условите од наведеното писмо.
До сега мислевме дека самото тоа, што го срозавте македонскиот фудбал до 162то место во светот е доволна причина за напуштање на, на сеопшто познат начин, стекнатата функција.
Но, како што во писмото од 27.01.2017 ветивме, засега (до 06.02.2017) само на фудбалската и останатата јавност и презентираме ДЕЛ ОД ДОКАЗИТЕ за нерегуларности, кршења на Статут и останати прописи, а некаде и сомненија за криминални активности при спроведување на изсиленото и натурено, НЕРЕГУЛАРНО собрание на ФФМ закажано за 18.02.2017 година.
По овој рок ќе бидат известени сите надлежни домашни и меѓународни институции и приложени ОСТАНАТИТЕ ДОКАЗИ.
Се надеваме дека имате доблест, веднаш да ја напуштите функцијата и да, само поради ваш интерес, не го доведете македонскиот фудбал во ризик да доживее тешки санкции кои можат да имаат катастрофални последици, откако ќе мора да реагира УЕФА.
УШТЕ ЕДНАШ НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА КОМПЛЕТНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНА ШТО ЌЕ МУ СЕ СЛУЧИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ, ПОРАДИ СТОРЕНИТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, КАКО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ, ПАЃА НА ВАС.
Покрај бројните прекршувања на процедурата и роковите од кои поради обилниот материјал дел ќе прескокнеме, ги истакнуваме следните
Факти
-Прекршувања на Статутот на ФФМ
1.Изборната комисија на ФФМ,како и Управниот одбор,во изминатиов месец, верифицираа голем број нелегални СОБРАНИЈА НА ОФС и од истите делегираа нелегални делегати на Собранието на ФФМ.
Истото е сторено со непочитување на член 7 ставови 2 и 3 од Статутот на ФФМ, кој дефинира дека, поради неисполнување на услови, ваквите ОФС автоматски престануваат да постојат. Прекршувањето се состои во фактот што во овие ОФС-а нема Општинска Фудбалска лига составена од најмалку шест клуба, или нема петнаесет активни фудбалски судии,како што предвидува Статутот.
Поседуваме докази дека 10 од постоечките 26 ОФС не ги исполнуваат условите врзани за одржување на лиги и немаат во со Статутот предвиден број на судии.
(Во прилог само список на постоечки судии по ОФС кој исто така е нереален и поголем од реалниот)
На овој начин на наредното Собрание, нелегално ке бидат присатни 26 члена.
2.Прекршен е и член 10 од Статутот, кој стриктно предвидува обврска за формирање на Здруженија на клубови од прва и втора лига.
Според овој член прволигашите треба да имаат 6 члена а второлигашите 4.
Со ова прекршување ,на клубовите,како основни клетки на фудбалот во Македонија, им е одземено правото да делегираат 10 делегата на Собранието на ФФМ.
3.Прекршен е член 8 од Статутот, со непримање на регуларно оформеното и заведено во Централен регистер здружение на судии.
Според овој член „Националните организации/сојузи на фудбалски чинители формираат здруженија кои се засебни правни лица и се рамноправни членки на ФФМ. (Фудбалери, Судии и Тренери)
Во прилог пријави на Здружението на судии за прием во ФФМ согласно Статутот на ФФМ.
На овој начин на судиите им е одземено правото да делегираат 3 делегати согласно член 42 став 5 кои се членови во собранието на ФФМ, како и да предлагаат кандидати за другите функции во ФФМ. (Претседател, член на УО, член на НО, членови на Правните органи и тн.)
4.Прекршен е статутот на ФФМ,како и Статутот на ФИФА со неформирање на ЕТИК Код на Македонија,обврска која е превземена од Статутот на ФИФА.
Ако проверите, сите останати држави имаат формирано национален Етик Код.
5.Прекршен е член 86 со нереализирање на обврската за усогласувања на Статутите на ОФС со Статутот на ФФМ. Според став 3 на овој член „Членките на ФФМ се обврзани да го изменат нивниот Статут со цел да ги усогласат со Статутите на ФФМ, УЕФА и ФИФА до крајот на 2012 година.
Истото предизвикува понатамошно нелегално работење на ОФС-та кои оваа обврска не ја спроведоа,а со знаење на ФФМ.
Прекршувања на изборниот процес,процедура,прописи и Статути на ОФС
Овде,поради просторот,ќе дадеме конкретен опис на прекршувањата во ОФС Кисела вода ,додека за останатите ,каде што важат истите принципи на делување од страна на ФФМ ќе дадеме само куси информации.
1.ОФС Кисела Вода-иницијатива покрената од клубовите
Тотално нерегуларно Собрание на ОФС Кисела вода на 09.12.2016 и на 17.01.2017 поради прекршување на процедура,рокови,учества на Собранието на нерегуларни делегати,нерегуларно свикување,работа без кворум……
Имено.Собранието на 09.12 2017.е нерегуларно свикано и работи во присаство на лицето Драган Блажовски кој во тој момент не е член на Собранието поради тоа што го има загубено статусот на членка на ОФС Кисела Вода бидејќи неговиот клуб не се натпреварува во лигата на ОФС.Тој не само што учествува на ова Собрание,туку спротивно на Статутот на ОФС го закажува наредното Собрание за 17.01.2017.иако истото требал да го закаже Претседателот,кој според документите не Централен регистар стапил на претседателското место на 09.12.2017.
ФФМ свесни дека направиле повеќе прекршоци,влегуваат во нови обидувајќи се преку лицето Драган Блажовски(стимулиран со поставување на 05.10.2016 во комисија на ФФМ) и кој во тој момент не е ни член на Собранието, да свикаат Собрание на 17.01.2017 со смешни покани со печат и име на Блажевски без негов потпис(нема дневен ред,материјали,ни деловоден број).Трагедијата на ФФМ да биде поголема ,за да ја исправат дилетантската грешка,на поканите на делегатите кои дојдоа на ова нелегално Собрание дополнително додале ср. Па, така, на нивните покани стои ср. а на оригинално праќаните покани кај клубовите кои не дојдоа нема ср.
Уште посмешно е што новиот(нелегален) претседател не знае на какво Собрание е избран па така во официјално соопштение демант објавено во Македонски спорт, за Собранието од 09.12.2016 тврди дека тоа било Вонредно!!!!!!
Остатокот на нелегалностите, заедно со горе наведените, ќе бидат доставени до надлежни институции,а против лицата учесници на овие прекршувања( благо кажано)ќе бидат поведени постапки.
И замислете го тој безобразлук.ФФМ кој е креатор на комплетно нелегална процедура и кое ги поседува сите материјали,од клубовите бара да им доставеле докази за тоа.
ФФМ и овдека на штета на клубовите форсира делегати кои се надвор од клубовите.
Во прилог дел од материјалите што ги поседуваат клубовите не ОФС Кисела Вода.
Поради дополнителното вршење на преправки на одредени материјали,немаме доверба во органите на ФФМ, па затоа во описот на нерегуларните делувања на ФФМ во другите ОФС ќе се задржиме само на по неколку детали.
Принципите на делување во овие,како и во други ОФС се потполно исти како наведенотово ОФС Кисела вода
2.ОФС Штип
Прекршување на процедура, рокови.
Форсирање во Собранието на останати структури,на штета клубовите.
Во прилог Барање за поништување на Собранието на ОФС Штип поради нерегуларности до Регистерот на Штип.
3.ОФС Битола-иницијативен одбор
А)Непримање на регуларно избрани органи на Собрание одржано порано,каде што свој удел има и Централниот Регистер на Македонија кој НЕ СПРОВЕДУВА И СУДСКА ОДЛУКА врзана за истото.
Б)Нерегуларно одржано собрание,(има индиции дека воопшто не е ни одржано)со одземање на печати на многу клубови од страна на лица од ОФС Битола,при што истите се користени за потврдување на учество на тие клубови во фантомското собрание на ОФС Битола.
За предното е можна и кривична одговорност на сторителите.
Форсирање за делегати на други структури на штета наклубовите.
4.ОФС Неготино
Членови на Управниот одбор бараат поништување на Собранието поради нерегуларности.
Прилог Барање до Централен регистер.
5.ОФС Тетово
ФФМ го поништува Собранието на ОФС Тетово,кое по сите документи е едно од ретките апсолутно регуларни Собранија само поради фактот што на истото е промовиран против кандидат на постоечкиот Претседател.
Во овој случај постои тежок прекршок на Управниот одбор ,како и Изборната комисија на ФФМ и ќе има тешки последици по Фудбалската Федерација и по членовите на Управниот одбор и Изборната комисија.
Секако, дека кумулираниот број на прекршувања е запрепастувачки голем , а би можел да одговара на број на прекршувањата во сите останати европски земји заедно.
Во ова наше соопштение се обработени само прекршувања врзани со Собранието на ФФМ.Секако дека прекршувањата од друг вид, се уште по бројни и ќе бидат отворени во соодветен момент.
Сега ви е јасно почитувани вљубеници на најубавата споредна работа на светот ,кој и како го водеше фудбалот во Македонија изминатите 4 години и зошто резултатите се такви какви што се.
Уште еднаш,го повикуваме Илчо Ѓорѓиоски да поднесе неотповиклива оставка и со тоа да даде придонес за спас на македонскиот фудбал.
Прилози:
PRILOZI OFS KISELA VODA