Жителите на севереоисточниот регион, лани поднеле 270 преставки до канцеларијата на заменикот народен правобранител и според застапеноста најмногу се жалеле на неостварени права од областа финансии и царина, социјална заштита, правосудство и потрошувачки права, информираше денеска заменикот народен правобранител, Насер Весели.
Според евиденцијата на канцеларијата, граѓаните најголем број преставки 56, поднеле за финансии и царина за јавни давачки, кои се однесувале на наплата на радиодифузна такса, правосудство 36 од кои најголем дел се однесувале на работата на извршителите. За неоставрени права од областа на социјална заштита и сигурност граѓаните поднеле 22 преставки и во најголем дел се однесувале на неоставрени права за користење парична помош, туѓа нега, но и на одолжување на постапките. Вкупно 21 граѓанин се пожалиле за потрошувачки права и тоа за наплата на електрична енергија, вода ѓубре. До Канцеларијата, лани биле поднесени и 11 претставки за вадење документи, изводи, усписи на новороденчиња, пасоши, пријавување странци.
– Од поднерсените претставки 91 процент се завршени, изјави Весели.
Тој нагласи дека кај 42,56 отсто од претставките биле утврдени неправилности кај органите, кај 43,13 отсто било костантирано дека институциите не ги повредиле правата на подносителите, за 4,9 проценти немало основ за поведување постапка, а кај 1,96 отсто од канцеларијата констатирале дека органите не постапиле по укажувањето.
Минатата година по сопствена иницијатива правобранителот покренал постапка за затворот Куманово.
Најголем број од претставките ги поднеле кумановци, по што следат жителите на Липково, а во незначителен број и жителите на Крива Паланка, Кратово и Старо Нагоричане. Од претставките 66 проценти ги поднеле жителите на урбани средини. Во однос на половата класификација 150 претставки поднеле мажите, а 67 жените. Вкипно 800 граѓани оставриле средба со надлежните во Канцеларијата на земаникот народен правобранител.