Научниците тврдат дека животот навистина ни поминува пред очите пред да умреме

Од:

Тезите дека на луѓето дека непосредно пред смртта пред очите им се појавува целиот живот доби научна поддршка. Истражувачите од Универзитетот Хадаш во Ерусалим велат дека тој феномен, или барем нешто многу слично, е исклучително честа појава.

Феноменот кој се нарекува LRE (life review experience, т.е. искуство од прегледаниот живот) сепак не изгледа како во холивудските филмови и сликите кои ги гледаат луѓето на смртна постела не се наредени хронолошки.

Се работи за „бомбардирање” на мозокот со низа искривени сеќавања, набиени емоции. „Во прашање е супер-концентрат на менталните процеси кои се одвиваат секој ден” – наведено е во истражувањето, а пренесе Newser.

Научниците анализирале седум случаи на LRE и добиле различни сведоштва, но сите имале заедничка карактеристика – чувство на емоции од туѓа перспектива.

„Сум видел такви работи кои се однесуваат на мојот татко, а тој на мене ми зборуваше за своето детство и колку му било тешко” – се наведува во едно сведоштво.

Научниците велат дека ќе продолжат да го истражуваат овој феномен, а сега веруваат дека се во прашање „кратки споеви” во мозокот предизвикани од се помал довод на кислород.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска