Македонска бизнис-делегација на 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон

Од:

Основачот на фондацијата „Борис Трајковски“ Вилма Трајковска и извршниот директор на Фондацијата, Роберт Милчев, генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов со сопругата Емилија, извршниот директор на „Триглав осигурување“, Ѓорѓе Војновиќ со сопругата Маја, Вицегувернер на Народната Банка на Македонија, како и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“, оваа година беа дел од 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон.

Како што соопшти АД Алкалоид, претставниците на Република Македонија се вброија меѓу одбраното друштво од над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени од светската бизнис и политичка елита, на чело со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржала во хотелот „Вашингтон Хилтон“.

-Покрај главниот збор, кој по традиција за време на овој настан го има американскиот претседател, во рамки на активностите поврзани со 65-тиот Молитвен појадок, впечатливо обраќање имаа и американскиот Сенатор од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан, се истакнува во соопштението на Алкалоид.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

Американската амбасада во Ријад ги предупреди Американците дека хотелите би можеле да бидат цел на напади

Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО

Медиуми: На САД им снемуваат ракетите „Томахавк“