А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Решен проблемот со греењето во четири основни училишта во Куманово

by А1он02/02/2017 - 16:03111
Share0

Наставата во четирите основни училишта во Куманово „Вук Караџиќ“, „Христијан Карпош“, „Наим Фрашери“ и „Бајрам Шабани“ денеска се одвива редовно во затоплени училници, откако надлежните од општина Куманово се договорија со фирмата добавувач од Струмица да обезбеди дополнителни колични на нафта соопштија, одговорните од секторот за образование во општината.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во овој период завршува договорот со фирмата која досега испорачуваше нафта, а наредниот вторник ќе потпишеме договор со друга фирма која ќе доставува нафта за училиштата до крајот на учебната година. Сега, за овие денови, додека поминат законските рокови, договоривме со добавувач од Струмица да обезбеди 15 тони нафта и ќе нема проблеми со затоплувањето во сите училишта, изјави раководителот на секторот за образование Жика Крстевски.

Додаде дека не се задоволни од досегашната фирма добавувач, која како што рече не доставувала навремено, доволни количини на нафта и затоа вчера имало проблеми со затоплувањето и четирите основни училишта работеле со скратени часови.

– Со новата фирма која од среда треба да започне со испорака на нафта се надеваме дека нема да имаме вакви проблеми. До крајот на учебната година очекуваме навремено да биде испорачана потребната количина нафта, изјави Крстевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Проблемот со затоплувањето на училиштата кои користат нафта се провлекува од почетокот на второто полугодие. Во Куманово дел од училиштата користат гас за загревање, дел од подрачните училишта се затоплуваат на огревно дрво и таму според надлежните од секторот нема проблеми со затоплувањето. Осум училишта во градот се загреваат на нафта.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:13

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:07

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:14

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он29/06/2026 - 15:0429/06/2026 - 15:05

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Горан Наумовски20/06/2026 - 11:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео