„Шпигел“: Европски граничари на грчко-македонската граница

Од:

Грчките медиуми денеска пренесуваат информација објавена во онлајн изданието на германски „Шпигел“ дека ЕУ брза да и помогне на грчката полиција со испраќање на 30 граничари кои ќе патролираат на северната граница.

Весникот потсетува дека во Грција во моментов има околу 65.000 бегалци, додека во Турција нивниот број изнесува три милони. Доколку Анкара не го почитува договорот меѓу Турција и Унијата, за бегалците, постои ризик Грција повторно да биде преплавена со луѓе кои ќе сакаат да стигнат до северна Европа, пишува „Шпигел“.

Во истиот текст се наведува дека по подолго време на границата со Македонија се забележува зголемување на бројот на бегалци и мигранти.

Грчките медиуми нагласуваат дека од суштинско значење е имплементација на одлуката на Фронтекс, донесена на крајот од минатата година. Тие информираат дека првите странски граничари веќе се наоѓаат на северната грчка граница. Меѓу нив има и германски офицери со кучиња, а други 10 Германци се очекуваат да пристигнат во наредните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција