Трамп го обвини Иран дека постепено ја презема контролата врз Ирак

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Иран се повеќе и повеќе ја презема контролата врз Ирак и покрај огромните средства што Вашингтон ги вложи во оваа земја, пренесе ТАСС.

„Иран брзо го презема Ирак, се повеќе и повеќе, па дури и откако САД таму потрошија над три билиона долари. Тоа одамна е очигледно!“, напиша Трамп на Твитер.

Советникот на Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин, на редовен брифинг со новинарите, изјави дека САД го истражуваат иранското тестирање на балистички ракети и сметаат дека ваквите дејствија ја поткопуваат стабилноста и безбедноста во регионот, поради што кон Иран упатуваат официјално предупредување. Претставници на Белата куќа, на крајот, изјавија дека проучуват широк спектар од можни соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски

Иран се закани дека во случај на одмазда нема да го гаѓа само Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски