Ќе ве воодушеви овој спој на чоколадо и банана …
Потребно е:
6 јајца
110 гр шеќер
25 гр какао во прав
2 лажици брашно
125 гр црно чоколадо
250 гр маскарпоне сирење
160 гр карамел крем
1 банана
150 гр чоколадо со карамел
Подготовка:
– Изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете ги какаото и брашното и измешајте.
– Додадете го чоколадото и две лажици врела вода и повторно измешајте.
– Изматете ги белките во густ шлаг и додадете ги во чоколадната смеса. Полека измешајте со шпатула или дрвена лажица.
– Смесата сипете ја во тавата од рерна обложена со хартија за печење и израмнете ја.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 12 минути.
– Печениот колач посипете го со какао, покријте го со хартија за печење и превртете го. Замотајте го како ролат во хартијата и оставете да се излади 20-тина минути.
– Во еден сад измешајте ги маскарпоне сирењето, карамел кремот и сецканото чоколадо. Исецканата ја бананата на тркалца.
– Одмотајте го колачот, премачкајте го со филот, наредете ги парчињата банана и повторно замотајте го.
– Покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер 30-тина минути.
– Посипете го со какао, исечете го на парчиња и послужете.