Венчиња со маслинки и сушени домати

Од:

Вкусни залачиња од тесто …

Потребно е:
600 гр брашно + 50 гр
375 мл топло млеко
7 гр сув или 20 гр свеж квасец
1 лажиче шеќер
1 жолчка
50 мл растопен путер или масло
1 полно лажиче сол
150 гр ситно сецкани сушени домати и црни маслинки
1/2 лажиче мешавина на италијански зачин

Подготовка:
– Во топло млеко ставете ги квасецот, шеќер и 1 лажица брашно. Измешајте и оставете го на топло за да стаса квасецот.

– Во еден подлабок сад ставете 500 гр брашно. Во брашното направете вдлабнатина во средината и сипете ги стасаниот квасец и изматената жолчка. Замесете тесто. Ако е тестото многу меко и лепливо додадете уште малку брашно. Сега додадете го и маслото и уште малку измесете го тестото.

– На крај додадете ги сувите домати ситно сецкани и ситно сецканите маслинки и измесете го тестото.

– Тестото покријте го со пластична фолија и оставете го на топло за да нарасне.

– Повторно ставете го на набрашнета работна површина, кратко измесете го и поделете го на топчиња тешки околу 100 гр.

– Секое топче развлечете го како ролат со должина околу 15 см. Заврзете го во јазол и деловите кои висат завртете ги околу како венче.

– Направените венчиња наредете ги во тава (ќе ви бидат потребни две тави) обложени со хартија за печење. Покријте ги тавите со пластична фолија и оставете ги на топло за да нараснат венчињата.

– Нараснатите венчиња премачкајте ги со изматена белка, посипете со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути, или додека убаво да поруменат.

– Оставете ги малку да се изладат и послужете ги.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска