ВМРО-ДПМНЕ: Ципрас покажува дека нема волја за решавање на спорот, не Македонија

Од:

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираа на изјавата на грчкиот премиер Ципрас дека Македонија тежнее кон национализам и поради тоа тешко се решава спорот за името.

„Нападите и навредите повеќе говорат за тој што ги изрекува, отколку за оној кому му биле упатени.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ ја обвини Македонија за иредентизам и национализам.

Република Македонија ниту имала, ниту има територијални претензии кон Грција. Република Македонија и македонскиот народ единствено го бранеле своето право на самоопределување и сопствениот идентитет.

Република Македонија не воведуваше санкции кон Грција. Напротив, Грција беше страната која ги затвораше границите и која со вето ја блокираше одлуката за полноправно членство во НАТО. Грција е страната што ден денес не дозволува ефектуирање на позитивните препораки за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Каде премиерот Ципрас гледа иредентизам во однесувањето на Македонија? Во која постапка од македонска страна Ципрас гледа национализам?

Со ваквите неиздржани изјави и навреди кон Македонија и македонскиот народ, грчкиот премиер не придонесува за развој на добрососедските односи, ниту пак покажува барем малку волја во надминување на проблемот кој Грција го има со нашето име. Со ваквите изјави Ципрас покажува дека токму тој нема волја за решавање на спорот, а не Република Македонија која што ја обвинува.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот на српскиот премиер Александар Вучиќ за немешање во внатрешните работи и во долгогодишниот спор со Грција“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166