Наредните денови ќе почне изградбата на новата социјална зграда во Струмица

Од:

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор деновиве ќе ја започне изградбата на нова социјална зграда за лица во социјален ризик во Струмица. Според раководителот Александар Маџаров, во зградата ќе има 41 стан со квадратура од 44 до 48 квадратни метри.

– Сите станови ќе имаат речиси иста квадратура и распоред. Станари може да бидат лица во социјален ризик. За разлика од претходната социјална зграда која беше наменета за лица со ниски примања и кои имаат право на закуп, но и на откуп на становите, новите жители од социјален ризик, нема да имаат право на откуп. Тие ќе добиваат договори за закуп на одредено време, а потоа ќе им бидат обновувани, рече Маџаров.

Во категоријата лица во социјален ризик влегуваат примателите на социјална или постојана парична помош, инвалидизирани лица, самохрани родители, деца без родители итн.

-Откако ќе завршиме со изградбата, министерството за транспорт и врски ќе објави оглас на кој може да стигнат апликациите на заинтересираните лица. Таму ќе се прави систематизација на оние кои ги исполнуваат условите и ќе бидат внесени во систем на кој по електронски пат ќе бидат избрани новите станари, додаде Маџаров

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење