Намален бројот на болни од грип во Струшко

Од:

Од 23 до 29 јануари регистрирани се 37 болни од грип во Струшко, што е речиси двојно помалку од претходната недела кога имаше 72 заболени.

Ова денеска го истакна епидемиологот Добривое Кузманоски од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Струга.

– Најмногу заразени од грип имаше кон средината на јануари, кога за само една седмица беа пријавени 180 болни. Со враќањето на учениците во училишните клупи обично имало зголемување на заразата, но овој пат состојбата е поинаква и последната недела бројката драстично е намалена, изјави Кузманоски.

Посочи дека најголем број од регистрираните болни се на возраст од 15 до 64 години, но имало и деца на возраст до пет години.

Правејќи споредба со изминатите години, тој заклучи дека годинава грипот почнал многу порано и порано завршува за разлика од лани кога на крајот од јануари имаше зголемување на заразата.

– Минатата година овој период имаше зголемување на заболените од грип. Грипот почна на крајот на јануари, траеше цел февруари, а опадна дури во март. Годинава почна порано и пожестоко од други години, но за среќа немаме регистрирано починат од грип, истакна Кузманоски.

Како превенција од ширењето на грипот, тој потсети на препораките заразените да останат во изолација неколку дена, да конзумираат многу чаеви, течности и да јадат свежо овошје. За превенција да се избегнува контакт со болни, редовно да се мијат рацете, да се пијат витамини и минерали, да се има редовна физичка активност.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра