Чоколадо и бисквити во една нова комбинација …
Потребно е:
250 гр чоколадни бисквити
220 гр чоколадо исечено на мали парчиња
150 мл слатка павлака за шлаг
2 лажици путер
за преливот:
100 гр чоколадо
70 мл слатка павлака за шлаг
1 лажица путер
Подготовка:
– Калапот за торта со дијаметар од 20 см премачкајте го со путер или покријте го со хартија за печење.
– Бисквитите ситно издробете ги.
– Во сад на рингла загрејте го путерот и слатката павлака и пред да почнат да вријат тргнете го садот на страна и содржината прелијте ја над 220 гр чоколадо.
– Мешајте додека да се растопи целото чоколадо. Потоа додадете ги и бисквитите и убаво измешајте.
– Смесата сипете ја во калапот за торта и ставете ја во фрижидер најмалку 3 часа додека убаво да се стврдне.
– За тоа време направете го преливот. Загрејте го путерот и слатката павлака и пред да почнат да вријат тргнете го садот на страна и содржината прелијте ја над чоколадо. Мешајте додека да се растопи чоколадото.
– Преливот прелијте го над стврднатата смеса која претходно сте ја извадиле од калапот.
– Тортата исечете ја на парчиња и послужете ја со малку шлаг.