Вонредно заседание на СБ на ОН заради тестирањето на иранската балистичка ракета

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска ќе има вонредно заседание на кое ќе го разгледа тестирањето на балистичката ракета од страна на Иран, јавија француските медиуми.

Седницата на СБ на ОН беше свикана на иницијатива на САД.

Претходно вчера на итна реакција од Советот за безбедност на ОН заради активностите на Иран инсистираше и Израел.

Синоќа неколку светски агенции соопштија дека Иран во неделата извршил пробно лансирање на ракета со среден дострел од полигон на 225 километри источно од Техеран.

ТАСС потсети дека резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН од 20 јули 2015 година го повикува Иран да не спроведува вакви тестирања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Предупредување од САД дека Иран подготува ракетен напад, Израел одговори дека ќе има последици

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Предраг Петровиќ