Поддржувачите на Исламската држава (ИД), се убедени дека одлуката на Доналд Трамп за забрана за влез во САД на граѓани од седум претежно-муслимански држави нема да ги спречи терористичките напади во Америка и дека ќе им помогне во регрутирање на нови милитанти.
„Оваа одлука нема ништо да промени. Нападите ќе стигнат од Америка, од американците родени од американски родители и американски баба и дедо“ напиша еден поддржувач на ИД на Телеграм, апликација за енкриптирана комуникација.
ИД кој во Ирак и Сирија се борат на неколку фронта, официјално се уште ја нема коментирано одлуката на Трамп, но нејзините поддржувачи сметаат дека им оди во прилог.
„Трамп им забранува на муслиманите да влезат во САД, а ги убива во Јемен, Ирак и Сирија и им се заканува. Тој не ја знае вредноста на Исламската држава“ стои на твитер профилот на извесен Салем ал Мосли.
На исламистичкиот канал на Телеграм, Трамп е нарекуван и најголемиот повикувач на Исламот, некој кој создава нови верници.