Зголемени приходи на општина Куманово од даноци и такси

Од:

Раст на приходитe собрани од даноци, комунални такси, други давачки во вредност од 3.160.261 денар регистрира одделението за администрирање приходи од општина Куманово во однос на истиот период 2015 година, соопштија денеска одговорните од општина Куманово.

– Растот од 2,33 проценти не е голем, но евидентно е дека последниве неколку години континуирано се собираат повеќе пари што значи дека граѓаните фирмите и сите останати таксени и даночни обврзици стануваат посериозни и ги подмируваат навремено своите давачки, изјави,раководителот на одделението за администрирање приходи, Зоран Павловски.

Општината од данок на имот за физички лица во 2016 година собрала 41.008.705 денари, а за правни лица 12.116.568 денари или вкупно 53.125.273, со што, објасни Павловски, постигната е целта да се надминaт проектираните 50 милиони денари .

Веќе од оваа година целиме кон 60 милиони денари, изјави Павловски и појасни дека сега се собрани над 75 проценти за физички лица или речиси 80 проценти за правни лица. И од данокот на промет е евидентиран пораст од околу еден милион денари и по тој основ во 2016.та година биле собрани 80. 230 .095 денари. Од комунална такса собрани се 14.795.771 и тука е регистриран пораст, или она што го собира исклучиво даночно одделение 148.151.139 денари, а 2015-та 144.990.000 денари.

– Она што го администрира даночно одделение, завршуваме оваа година со 159.752.132 денари и тоа е три милиона и шестотини повеќе од минатата година кога собравме 156.125.299 денари, изјави Павловски. Одлуката за намалување на комуналната такса, која е намалена од 10,7 и 5 денари и сега изнесува пет денари, објасни Павловски, резултира со намалување за околу 400.000 денари за таа такса, но затоа надоместоците се зголемени за околу 500.000 денари. Општината по основ на овие давачки инкасирала близу 4,5 милиони денари.

– Се покажа како правилна одлуката за намалување на комуналната такса, бидејќи по три денари плаќаа угостителите за бавчи кои ги користат во текот на целата година, објасни Павловски.

Во наредниот период, информираше ќе почнат да се опоменуваат граѓаните и правните лица за неплатен данок на имот за минатата година, потоа ќе следуваат опомени за комунална такса, ќе се дистрибуираат редовните решенија за данок на имот и комунална такса. Надлежните очекуваат оваа година да биде подобра од претходната и да бидат собрани повеќе пари во општинската каса.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски