(ВИДЕО) Заев: Очекувам Иванов да ми го даде мандатот, се друго е кршење на Уставот

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство и ќе ја формира новата Влада.

– Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер, се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за да формира Влада. ВМРО-ДПМНЕ на полноќ и официјално ја изгуби можноста да формира Влада, рече Заев.

– Демократските процеси се почнати, така одлучија над 612 илјади граѓани. Очекувам Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот. Сите поинакви постапки ќе бидат кршење на Уставот. Грѓаните избраа промени. На Република Македонија и е потреба Влада која ќе ги обедини наместо да ги дели граѓаните, додаде Заев.

Според него, новата Влада ќе ја гради Македонија во општество за сите граѓани.

– Потребна е Влада која ќе води реални политики и ќе се грижи за сите граѓани. Ние сме подготвени и целосно посветени на формирање Влада која ќе ги спроведе реформите од договорот во Пржино и итните реформски приоритети од Прибе и ЕУ. Таа Влада ќе значи дека сите граѓани ќе имаат еднакви права, нагласи Заев.

Тој кажа дека синоќа немале никакви преговори со ДУИ, но дека разговарал со Али Ахмети претходните денови.

– И тоа како имаме суштински и суштествен став и по платформата потпишана од Албанските партии, се надевам дека ќе го добиеме мандатот за веднаш да ги соопштиме тие ставови. Се залагавме за едно општество на сите, па од тука целосно сме позитивни од сите аспекти и доколку мандатот биде даден во наши раце веднаш ќе го отвориме на транспарентен начин да бидат јасни и недвосмислени за сите граѓани. Секогаш постои решение, не треба да губиме ниту ден повеќе. Македонија промените ги очекува, ќе се случат во нашата земја и апелирам Иванов час поскоро да го додели мандатот, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски