Груевски се „збогува“ со премиерската функција, на потег е Иванов

Од:

Она што е извесно по неколку дневната неизвесност е дека Никола Груевски не може да биде ниту мандатар на поправен, ниту премиер.

Ќе продолжи да ги влече конците конците од зданието на плоштадот ВМРО, за да има нови избори кои тој ќе ги организира во веќе виден стил.
Зачудува полноќното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ дека зрела варијанта се нови избори, или во превод, ако ние не формираме Влада, тогаш и никој друг нема да може, и повторно ќе си „играме“ избори.

Зафатени од лиферувањето министерски, претседателски и директорски функции за ДУИ, не го исполнија најважното, не обезбедија поддршка од 61 пратеник.

Уставот само пропишал:

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Груевски сега треба да го врати мандатот на Иванов, а тој според Уставот треба да го даде на лидер на партија или партии која има обезбедено парламентарно мнозинство. Експертите, пак, блиски до власта, деновиве оркестрирано настапуваат дека ВМРО-ДПМНЕ бесконечно може да го добива мандатот, се додека не формира Влада, чија задача би била да организира и спроведе нови избори.

Иванов го прекрши Уставот давајќи му го мандатот на Груевски кој не покажа дека има обезбедено парламентарно мнозинство, или нема зад себе 61 пратеник. Професорот Иванов треба овој пат да направи добра консултација со еминентни познавачи на Уставот и правото за да не остане запаметен како претседател кој за 20 дена го гази Уставот.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески