Убиени се шест лица, а осум други се повредени во напад на џамија во Квебек Сити, Канада за време на вечерната молитва.
Канадските власти го потврдија бројот на загинати и го третираат овој инцидент како терористички напад.
Уапсени се две лица, а според полицијата нема други осомничени.
Според очевидците, цитирани од локалните телевизии, двајца маскирани мажи влегле во зграда околу 19.15 часот по локално време, и отвориле оган, по што избегале. Радио „Си-Би-Си“ јави дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот и двајцата напаѓачи биле приведени во околината на џамијата.
„Го осудуваме овој терористички напад на муслиманите во религиски центар. Различностите се нашата сила и религиската толеранција е вредност што за канаѓаните е доста вредна“ изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.