Путин и Трамп се договорија за првата средба

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа остварија телефонски разговор, при што зборуваа за ситуацијата во Сирија, Украина и нуклеарната програма на Иран, соопшти Кремљ.

Двјацата лидери се договориле да работат на одредувањето на времето и местото за нивната средба, како и да бидат во постојан контакт.

Кремљ наведе, дека во текот на разговорот не се споменало намалување на санкциите на САД против Русија.

Путин му ја честитал победата на Трамп на претседателските избори.

Рускиот и американскиот претседател се согласиле дека е приоритет соединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.

Двајцата се истомисленици за користа од координирањето на руските и американските акции во борбата против Исламската држава и другите терористички организации во Сирија.

Кремљ соопшти дека Путин и Трамп ја нагласиле важноста за обновување на трговските и економските врски меѓу двете земји.

По разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел, што траеше 45 минути, претседателот на САД разговара со третиот од петте лидери, претседателот на Русија Путин, напиша претходно портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на неговиот Твитер налог.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади