Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Свети Сава

Од:

„Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија,

Годинешната прослава е десетта и јубилејна прослава на овој празник во Република Македонија. Десет години од моментот кога по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка на претставниците на српската заедница, заеднички решивме да го установиме овој празник и за прв пат во нашата современа историја како држава и Србите да добијат свој официјален празник и датум за прослава.

Симболиката на овие празници е пред се во нашето заедничко почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните. Блискоста на луѓето со генерации наназад се гледала преку духот на празнувањето. Така нека биде и во иднина! Тоа нека биде и порака до следните генерации, порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка.

Чествувањето на денешниот празник е доказ дека покрај меѓусебното почитување и заедничко празнување, како во изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме заеднички да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите граѓани и со цврста волја постојано ќе се вложуваме за доброто на нашата држава, за стабилна и просперитетна Република Македонија.

Нека е честит големиот празник“, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус