За Република Македонија донесени 12 пресуди од Судот за човекови права во 2016 година

Од:

Европскиот суд за човекови права во 2016 година донесе 12 пресуди за случаи против Република Македонија, во 8 од нив е констаирано кршење на конвенцијата за човекови права и во 4 дека немало кршење, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во една пресуда е констатирано кршење на правото на ефективна истрага, во пет пресуди имало кршење на правото на правично судење, една пресуда се однесува и на кршење на правото на приватност или приватен и семеен живот, една на должината на судската постапка и една пресуда за заштита на приватната сопственост.

Од вкупно 265 предмети кои се уште не се решени од Македонија, 30,6 отсто биле комуницирани до владата, односно 81 предмет, 3 биле прифатени односно 1,1% од предметите, 23 од предметите се појавиле пред единствен судија и комитет од категоријата VI –VII односно 8,7% од предметите и 158 предмети или 59,6% од сите од категоријата I-V, чекаат на прво разгледување.

На годишната прес-конференција на Европскиот суд за човекови права, претседателот Реимонди наведе дека по две години опаѓање, бројот на новопристигнати случаи се зголемил значително во 2016 година гледано воопшто за сите земји членки на Советот на Европа. Овој прилив се оправдува со ситуацијата на три земји: Унгарија и Романија за прашања поврзани со условите на притвор и затвор, и Турција, особено по обидот за државен удар во јули 2016.

На крајот од 2016 година, бројот на нерешени предмети во судот изнесувал 79.750, што е зголемување за 23% во однос на крајот на 2015 година (64.850 предмети во процедура).

Годишната табела на повреди од страна на земјите покажува дека државите за кои е направено најголем број на пресуди со барем една повреда на Европската конвенција за човекови права беа: Русија (228 пресуди), Турција (88), Романија (86), Украина (73), Грција (45) и Унгарија (41). Покрај тоа, на 31 декември 2016 година, мнозинството на предмети во постапка беа против Украина (22,8%), Турција (15,8%), Унгарија (11,2%), Русија (9.8%) и Романија (9,3%). Половина од приоритетни случаи доаѓаат од Украина.

Претседателот во таа прилика ја нагласи важноста од ефективна имплементација на Конвенцијата на национално ниво за принципот на супсидијарност да биде целосно функционален.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов

Стразбур ќе ја тужи француската држава за нејзиниот „неуспех“ да ги згрижи луѓето кои се на улица

А1он

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски