А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за проблемот со загадувањето

by А1он26/01/2017 - 15:0768
Share0

СДСМ да знаеја да го решаваат проблемот со квалитетот на воздухот тоа ќе го направеа во општините каде што се на власт, во Струмица и Куманово. Лицемерно е да говорат за воздухот во Скопје, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ кога имале можност нешто да инвестираат за Скопје не направиле ништо.

– СДСМ не набави ниту еден автобус и тогаш по скопските улици се возеа автобуси постари од 25 години кои го загадуваа воздухот. Денес се набавени 300 автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие и граѓаните на Град Скопје се возат во нови, модерни, современи и удобни автобуси. СДСМ не направи ниту еден булевар во Скопје, а денес се изградени или реконструирани булеварите „Илинден“, „Теодосиј Гологанов“, „Климент Охридски“, „Борис Трајковски“ и неколку кружни текови со што значително се подобри протокот на сообраќајот во градот, се вели во реакцијата и се додава дека СДСМ не засадиле ниту едно дрво, а во изминатиот период биле засадија над 50.000 дрвја.

Квалитетот на воздухот во Скопје, стои во реакцијата, бара системско решение, а не од ракав истресени памфлети какви што лиферува СДСМ со цел да сее магла, да ја труе јавноста и да шири манипулации и лаги.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:43

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Горан Наумовски01/09/2026 - 13:14

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:3531/08/2026 - 11:35

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски31/08/2026 - 09:5631/08/2026 - 10:31

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 12:06

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео