Германската влада го одобри испраќањето на ракетите „Патриот“ во Турција

Од:

Германската влада денеска го одобри испраќањето на ракетите „Патриот“ и војници во Турција, пренесоа британските медиуми.

За испраќаањето на ракетите во Турција е неопходно и одобрение на Бундестагот.

Не се очекуваат проблеми при гласањето, и покрај тоа што некои пратеници од опозицијата, главно од партијата на зелените, се против разместување на ракетите главно заради опасноста напрегнатоста меѓу Турција и Сирија да прерасне во регионален конфликт.

Се очекува Германија да испрати околу 400 војници од Бундесверот, кои ќе ги опслужуваат бетериите на „Патриот“, посочи извор од германското Министерство за одбрана.

Во вторникот извори од НАТО соопштија дека во Турција ќе бидат испратени меѓу 300 и 400 војници за да опслужуваат четири до шест батерии, што може да се разместат во окрузите Малатија, Дијарбекир и Шанлаурфа, посочуваат агенциите.

Холандија и САД, исто така, планираат на Турција да и доделат ракетни батерии „Патриот“.

Ракетите може да се разместат во Турција за неколку недели, веројатно на почетокот на 2013 година.

Неделава во Брисел министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на НАТО дадоа зелено светло за барањето на Турција за разместување на ракетите „Патриот“, поднесено на 21 ноември со цел да се заштити националниот воздушен простор заради заканата по националната безбедност, што призлегува од кризата во Сирија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски