Албански државјанин се обидел да прошверцува 18 килограми марихуана

Од:

Царината вчера спречи обид за шверц на 18 килограми марихуана на граничниот премин Табановце.

Како што информираат од Царинската управа на РМ, вчера околу 6 часот на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од лицето П.Ш., албански државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа бил селектиран за контрола. При прегледот во багажниот простор од возилото била пронајдена плинска боца во која биле сокриени 15 вакумирани пакетчиња облепени со проѕирна селотејп трака наполети со марихуана со вкупна тежина од околу 18 килограми.

Од предистражната постапка, спроведена од инспектори од Одделението за истраги, произлегува дека осомичениот марихуаната ја купил во Албанија и преку Македонија требал да ја однесе во Германија за одреден паричен надомест.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а судијата на претходна постапка му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра