ДОМ: Без цел пакет итни мерки нема спас од загадувањето

Од:

„ДОМ по којзнае кој пат укажува, дека без цел пакет итни мерки нема спас од загадувањето! Во услови на 10-20 пати повисоки ПМ10 честички во најголем број денови зимово, не може решение да биде само една мерка, пар-непар и намалување на користењето на службените возила, што ја предлага Министерството за животна средина, зашто е само капка во морето!

Кога веќе ќе се сфати дека за здрав живот на граѓаните не смее да се штеди, туку напротив, потребно е да се потрошат буџетски средства, за да се стопираат сите извори на загадување, да се премине во зелена економија, но и да им се компензира евентуалната економска штета на граѓаните и фирмите од државни средства. За екологија загадувачите секако плаќаат во Буџетот, но на средствата им се губи трагот. Потребен е Фонд за животна средина, од каде средствата ќе се насочуваат директно за решавање еколошки проблеми. Да не зборуваме дека има можност и за пренамена на средства од ставки за непродуктивни проекти, како и за користење ЕУ-фондови.

ДОМ упорно бара Владата да прогласи вонредна состојба со загадувањето во сите големи градови во Македонија и да воведе цел пакет од итни мерки. Како што прогласија Париз и Сараево, па воведоа пар-непар, или Осло кое забрани дизел-возила. Како што Кина реши да потроши 2,7 милијарди долари за Пекинг и за затворање на 2.000 фабрики кои загадуваат, за замена на јагленот со чиста енергија, за исклучување на 300.000 стари возила од сообраќај и за спречување опасни горива.

ДОМ инсистира на следните итни мерки во градовите:

1. Воведување пар-непар
2. Бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови кај што го нема
3. Забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
4. Зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот
5. Воведување евтина дневна тарифа за струја на домаќинствата
6. Затворање на градилиштата
7. Преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат, по што државата ќе ги обесштети
8. Редовно собирање на отпадот
9. Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака