Капе ли капе – купуваат и не прашуваат

Од:

Пословни дневник – Загреб

Катарскиот инвестициски државен фонд QIA располага со толку пари што купува се што е добро, независно од дејноста.

Со површина како хрватската Славонија, Катар државичка на Арапскиот Полуостров е ефикасна во зголемување на заработката од течниот природен гас (LNG), чиј е најголем светски увозник.

Купува акции од светски компании, притоа и не се оптоварува со потеклото на компаниите и видот на нивните дејности. Оди се што може да ја врати инвестицијата, а за купување е овластен државниот фонд Qatar Investment Authority (QIA).

Основан во 2005 година управува со „маса” од 335 милијарди долари, според што е деветта по обемот на богатството, според Институтот Sovereign Wealth Fund, кој од 2007 година го „мери” богатството на државните фондови. Иако QIA во 2015 и 2016 година поради падот на цената на нафтата малку ги намали апетитите, последните два месеца повторно искажа „глад” за инвестирање, а на Блумберг му беше повод да утврди каде се Катарците имаат удел.

Кон крајот на 2016 година QIA вложи во најголемиот турски производител на пилешко, во рускиот државен нафтен гигант Росњефт PJSC (дел од најголемата приватизација во Русија воопшто), како и во британската гасна компанија National Grid Plc. Има удел и во најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген, британската банка Барклеј и швајцарската Креди Свис, како и во најголемиот германски банкар Дојче Банка.

Катарците имаат и една петтина од најголемиот европски аеродроми, лондонскиот Хитроу и исто толку во британскиот авио-холдинг IAG AS, на сопственикот Бритиш Ервејз. Најголеми акционери се на британскиот ланец продавници Sainsbury’s, а ја држат и француската фудбалска икона ПСЖ.

Директорот на клубот е и директор на катарската ТВ Ал Џезира Спортс. QIA ја има и целата италијанска луксузна модна куќа Валентино Фешн Груп и дел од најголемиот европски ланец продавници на шланскиот Ел Корте Инглеса. Фондот добива нов директор, со цел да биде упатен во сите трансакции, што досегашните не можеле. Тој е Ахмед Ал-Румаихи, поранешен катарски дипломат во САД.

Но, фондот не е сам купувач туку има низа „фондови-ќерки” за одредени сектори. На пример, во спортот тоа е QSI, а во индустријата за забава е Белн Медиа Груп, која со преземањето на калифорниската компанија Мирамакс изведе и „десант” во САД, откако QIA речиси ја „покори” Европа. Со отварањето на канцеларии во Њујорк QIA најави дека во Америка до 2020 година ќе инвестира 35 милијарди долари за да ги „диверзификува нафтените холдинзи”.

Веќе лани беше четврти најголем инвеститор во американските деловни простори, најмногу во Њујорк, (на пример 10 отсто од компанија која управува со Емпаер Стејт Билдинг) и Лос Анџелес.

Како на тоа гледа новиот шеф, претседателот Доналд Трамп? Во неговото соседство во Њујорк, QIA поседува и 13 отсто продавници за скапоцен накит Tiffany&Co. И во Азија катарските пари се многу мил гостин; над шест години QIA ширум континентот треба да инвестира 20 милијарди долари. На удар се сингапурските недвижнини, хонконшката струја, кинеските шопинг молови… Што ли ќе биде во Катар, кој во 2022 година ќе биде домаќин на Светското Првенствто во фудбал…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот