Струшкиот Црвен крст го надмина годишниот план со собрани 2.138 крвни единици

Од:

Општинската организација на Црвениот крст во Струга изминатата 2016 година собрала 2.138 крвни единици што е за 32 повеќе од претходната година.

Секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути информира дека со оваа бројка е надминат годишниот план кој го има секој град во однос на бројот на жители.

– Според годишниот план Црвениот крст – Струга има обврска да собере 1.800 крвни единици или три проценти во однос на жителите во општината. Оваа бројка ја надминуваме и последните години имаме пораст што значи се подига свеста кај граѓаните за хуманост, но и успешно го релизираме годишниот план, истакна Даути.

Крводарителски акции, додаде, се организираат два пати месечно преку цела година во институциите, училиштата, во летен период на плажите, но, како што нагласи, граѓаните ги посетуваат центрите за трансфузија и даруваат крв и надвор од организираните акции.

– Соработката со трансфузиолозите и центрите за трансфузија е на високо ниво. Редовно има акции за крводарување и никогаш не сме дошле до недостаток на крв и во состојба за ургентно дарување, подвлече Даути.

За големиот интерес за крводарување, според неа, кажува и бројката со над пет, 10, 25 и 50 дарувања на едно лице. Со најмногу дарувања или над 100 е стружанецот Благоја Јованоски, кој на Денот на краводарителите на Македонија минатата година имал 106 крводарувања.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“